27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Само еден македонски тенисер го мина првото квалификациско коло во Софија

Томислав Јотовски го победи Стефан Мицов со 6-4, 6-2 во македонскиот дуел во првото квалификациско коло на тенискиот ИТФ турнир во Софија кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари, додека Обрад Марковски загуби од Бугаринот Денислав Проданов со 1-6, 7-5, 7-10.

Од тројцата Македонци, за жал можеа да поминат само двајца, бидејќи двајца играа еден против друг. Во второто коло од квалификациите, Јотовски кој е 11-ти носител во овој дел од турнирот, треба да игра со Адријано Џенев од Бугарија. За да влезе на главниот турнир, Јотовски ќе треба да мине три рунди.

- Оглас -

Најнови вести