Само храбрите ќе се обложат на Вардар, Црвено-црните се аутсајдери на хартија во Кавадарци

Денеска ќе се комплетира колото во Првата македонска фудбалска лига, а според квотите во Sport Life за четирите натпревари, најмали шанси за победа му се даваат на скопски Вардар кој гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Квотата за победа на Црвено-црните е огромна, на 4.00, па само најголемите оптимисти и најхрабрите ќе уплатат на победа на најтрофејниот. Тиквеш е во криза, во последните четири кола освои само еден бод, а Вардар во претходните две кола освои четири бода, па можеби двојката во Кавадарци и не е толку нереална.

Брегалница го пречекува првакот Струга Трим Лум во дуел на два тима кои сезонава уште немаат одиграно нерешено, Македонија Ѓорче Петров е фаворит дома против последнопласираниот Гостивар, како и лидерот Шкендија кој оди во Кратово на меч против најефикасниот тим во лигата, Силекс.

- Оглас -

Најнови вести