Само на еден меч нема гол по првото полувреме во Лигата на Европа (Видео)

Ајакс води со 1:0 во Амстердам против Рома, по првото полувреме во четвртфиналето од Лигата на Европа. Класен е стрелец на погодокот кој донесе радост на холандскиот гигант, откако погоди по асистенцијата на Тадиќ. На почетокот од мечот, Рома имаше неколку шанси преку Един Џеко, но откако гостите не погодија, следуваше казна.

Ајакс е и единствениот домашен тим кој има предност по првите 45 минути во ЛЕ. Вилјареал води на гости во Загреб против Динамо и тоа благодарение на погодокот на Морено од пенал во 44 минута.

Маркус Рашфорд донесе радост на Манчестер јунајтед на гости кај Гранада. Рашфорд погоди во 31 минута и Црвените ѓаволи имаат водство од 1:0 во Шпанија.

Единствено погодок по првите 45 минути немаше на дуелот во Лондон меѓу Арсенал и Славија Прага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести