Само Нико и Лева го можат ова – Единствени со просек од гол по меч во пост-корона ерата

Николас Иван Гонзалес му се приклучи на Роберт Левандовски со просек по еден гол на меч и тие двајца се најдобрите стрелци во Европа во пост-корона ерата.

Соиграчот на Дарко Чурлинов од Штутгарт опасно се распука и постигна 8 гола на 8 меча, откако се рестартираше популарната Цвајта. Само уште Левандовски од Баерн има гол по меч, откако 9 пати на 9 натпревари ја тресеше мрежата на ривалите по кам-бекот на Бундеслигата на 16. мај.

Денеска го стаса и Аргентинецот од Штутгарт со два гола против Нирберг. Гонзалес беше двоен стрелец и го зачини убедливиот триумф на Штутгарт од 6:0 против Нирнберг. Тој е најзаслужен за пробивот на тимот на втората позиција на табелата, што води во Бундеслигата.

Интересно е што популарниот Нико постигна повеќе голови во само 8 рунди од продолжението на сезоната, отколку што имаше дадено во претходните 25 кола. До прекинот на сезоната во март беше стрелец на шест погодоци, сега апсолутно доминира во Цвајта и има просек од гол по меч на осумте дуели што ги одигра во пост-корона ерата.

На Штутгарт му треба само реми против Дармштад на домашен терен во последното коло за да се врати во Бундеслигата, а дури и со пораз ќе биде нов прволигаш. Во таков случај на третопласираниот Хајденхајм би му требала победа од над десет гола разлика против шампионот во лигата, Арминија Билефелд, за да го претрка Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести