Само петмина фудбалери во историјата на фудбалот дале 100 или повеќе голови од пенал

Институтот за фудбалска статистика, ИФФХС, објави листа на играчи со најмногу реализирани пенали во сите натпреварувања, а првото место убедливо го држи Кристијано Роналдо со 151 погодок од белата точка.

Сто или повеќе голови од пенал имаат дадено само уште Ромарио, Роналд Куман, Лионел Меси и Роберто Баџо. Шести на листата е Мексиканецот Уго Санчез со 96.

Хејтерите на Роналдо велат дека ова е доказ дека не случајно Португалецот го викаат Пеналдо, други велат дека не е случајно што во топ 5 се тројца поранешни членови на Барселона, а трети тврдат дека Баџо сите 100 гола од пенал би ги менувал за утката во финалето на СП 1994.

- Оглас -

Најнови вести