Само половина прогнозери сметаат дека Ливерпул ќе го победи Тотенхем во Лондон

Спортската прогноза е во полн ек и 18-тото коло е достапно за прогнозирање. Oсновните 13 и двата резервни парови се тука, има доста интересни дуели, а најголемо внимание привлекува дербито во Лондон помеѓу последните два финалистa во Лигата на шампионите.

Тотенхем го пречекува феноменалниот Ливерпул во дуел од Премиер лигата, а од оние што досега типувале, само 50,1 процент веруваат дека екипата на Жозе Мурињо ќе биде совладана од тимот на Јирген Клоп. Црвените сигурно газат кон титулата, за пораз не знаат повеќе од една година, па затоа ќе биде интересно да се види дали Специјалниот може да ги спречи во нивниот налет.

Околу 60 проценти веруваат дека разиграниот Лацио ќе го победи Наполи и ќе продолжи трка со Интер и Јуве за титулата во Серија А, а во главниот град на Италија се игра уште едно дерби, Рома го пречекува Јувентус. Кај овој пар доминираат прогнозите дека ќе слават гостите од Торино. Две третини од прогнозерите мислат дека Старата дама ќе освои три бода на „Олимпико“.

Сабота 16 часот е терминот до кој можете да се вклучите во колото и да чекате да станете првиот добитник на прекрасниот IPhone XS, кој е главна награда во секое коло.

Стандардно Sport Life доделува ваучер од 1.000 денари за сите прогнозери што ќе погодат 12 двојки, а ваучер од 500 денари е награда за погодени 11 парови.

Редовноста е важна бидејќи прогнозерите коишто учествуваат во нашата бесплатна игра бијат битка и за подобри позиции во Генералниот пласман. Тука трката е жестока, а, за конечниот поредок важат и поените од резервните двојки.

На крајот од втората сезона на Спортската прогноза токму петтемина најдобропласирани во Генералниот пласман ќе добијат награди. За шампионот е премијата смарт ТВ од 48 инчи, а останатите четворица ќе добијат поени од СЛ маркетот.

- Оглас -

Најнови вести