Само се бранеше: судија со карате удар со нога нокаутираше тренер (Видео)

На регионален меч од фудбалски куп во Перу се случи редок виден инцидент, судија нокаутираше тренер и тоа со професионален карате удар.

На дуелот помеѓу Спорт Уакилја и Магдалена, на кој тренерот на гостите влета на теренот со шише во раката и тргна кон главниот судија Луис Алегре, а судијата во стилот на Брус Ли го дочека со крената нога и со „хај-кик“ во градите го собори на земја.

Веднаш притрчаа помошните судии и полицајци, па не беше дозволено да дојде до масовна тепачка. Драмата се одвиваше во 82-та минута од натпреварот, а искрата ја запали црвен картон за човек од клупата на Магдалена.

- Оглас -

Најнови вести