Кливленд го декласира Детроит и закажа финале на Истокот против Њујорк

Кливленд Кавалирс го совладаа Детроит пистонс на гости со 94-125 во седмиот натпревар од серијата и се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА-лигата.

Донован Мичел го предводеше Кливленд со 26 поени, додека Џерет Ален и Сем Мерил додадоа по 23.

Еван Мобли натпреварот го заврши со 21 поен и 12 скока, а Кавалирс така првпат по 2018 година стигнаа до финалето на конференцијата, вкупно деветти пат во историјата на франшизата.

Четвртопласираниот тим на Истокот сега ќе игра против третопласираните Њујорк никс, а првиот натпревар од серијата е закажан за вторник во Њујорк. За Кливленд ова е најдобар плејоф резултат уште од последната сезона на Леброн Џејмс во клубот.

Детроит остана на една победа од своето прво финале на конференцијата по 2008 година, иако избори мајсторка со триумфот во шестиот натпревар.

Денис Џенкинс постигна 17 поени, додека Кејд Канингем и Данкан Робинсон додадоа по 13.

- Оглас -

Најнови вести