Македонија ќе биде дел од ракометниот Мундијал во Германија, од 13-ти до 31-ви јануари, а веќе се знае дека ждрепката ќе се одржи на десетти јуни во Минхен.
Познати се вкупно 30 од 32-те репрезентации кои ќе се учествуваат, а последните две ќе ги дознаеме откако ИХФ ќе ги додели вајлд-картите.
Нашите ракометари се дел од вториот шешир заедно со селекциите на Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарските Острови, а тоа значи дека против овие селекции нема да може да играме во иста група.
Можни противници на Македонија од првиот шешир се: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина.
Од третиот шешир по квалитет може да се паднеме во група со: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортските Острови, Чиле и САД.
Можни ривали на Македонија од најслабиот шешир се: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола и Уругвај, како и двете селекции кои ќе настапат со специјална покана.
Репрезентациите на Светското првенство во Германија ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи, а најдобрите три од секоја група ќе продолжат во следната фаца.
Ракометниот Мундијал во Германија ќе се игра во шест града – Келн, Минхен, Кил, Хановер, Магдебург и Штутгарт.


