Сампаоли пред отказ во Севиља? Познат и неговиот наследник!

Натпреварот против Хетафе и поразот од 2-0 најверојтно ќе биде последен за Хорхе Сампаоли на клупата на Севилја. Раководството на клубот од Андалузија воопшто не е задоволно од резултатите и пласманот на табелата. Лошите резултати оваа сезона ја донесоа Севиља само на два поени од опасната зона, односно од испаѓање во понизок ранг.

Сампаоли седна на клупата на Севиља откако Лопетеги се реши да ја прифати понудата од Вулверхемптон и да ја продолжи кареирата во англиската Премиер лига.

Според информациите од Пиринејскиот Полуостров, наследник на Сампаоли ќе биде искусниот Хозе Луис Мендилабар, кој во својата кариера бил тренер на многу екипи, а последниот анганжман го имаше во Алавес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести