Сампдорија ги гази фаворитите, немоќна беше и Аталанта (Видео)

Сампдорија приреди големо изненадување во премиерниот меч од петтото коло во Серија со триумф од 3:1 во Бергамо против Аталанта.

Екипата од Џенова гази безмилосно и има три победи по ред, сите против клубови што беа фаворити. По победите против Фиорентина и Лацио, попладнево падна и моќната Аталанта.

Гостите поведоа со голот на ветеранот Кваљарела во 13. минута, а потоа истиот играч промаши пенал во финишот на првото полувреме.

Сепак Сампдорија продолжи да игра добро и со голот на Торсби во 59. минута и на јакуб Јакнто во финишот на мечот победи со 3:1.

Единствениот гол за Аталанта во вториот пораз по ред во Калчото го постигна Дуван Запата во 80. минута од пенал.

- Оглас -

Најнови вести