Сан Антонио имаше страшен џокер – Со рекорд Пети Милс го урна фаворитот од Лос Анџелес (Видео)

Резервата на Сан Антонио, Пети Милс го одигра мечот на кариерата и со рекордни 8 тројки му помогна на тимот да приреди подвиг и да го победи фаворизираниот тим на Лос Анџелес клиперс со 116:113.

Ветеранот постигна вкупно 27 поени и беше супер расположен за игра, а популарните Мамузи успеаја да ја прекинат серијата од четири порази по ред.

На Клиперс не им помогна ниту одличниот настап на Кавај Ленард со 30 поени и 10 скока, па неочекувано го претрпеа и третиот пораз во осмиот меч во новата сезона во НБА лигата.

Расположен за игра ноќеска беше и Кралот Џејмс, а со неговиот извонреден потег и акција во финишот на мечот Лос Анџелес лејкерс ја направија клучната разлика во победата од 94:92 против Мемфис гризлис.

Леброн постигна 26 поени и имаше 11 скока и 7 асистенции во шестата победа на шампионот. Речиси идентичен учинок со 26 поени и 10 скокови забележа и Ентони Дејвис.

Резултати: Бруклин нетс – Јута џез 130:96, Мемфис гризлис – Лос Анџелес лејкерс 92:94, Денвер нагетс – Минесота тимбервулфс 123:116, Лос Анџелес клиперс – Сан Антонио спарс 113:116, Портланд трејлблејзерс – Чикаго булс 108:111.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести