Астон вила му даде четири гола на Ливерпул и сигурно ќе игра во Лига на шампиони во следната сезона (Видео)

Астон вила со 4:2 го победи Ливерпул во директен дуел на двете екипи кои се борат за четвртото место на табелата во Премиер лигата. Со оваа победа тимот од Бирмингем стигна до 62 бодови и сега има три повеќе од Ливерпул кој е петопласиран со 59 бодови. Интересно е дека Ливерпул уште не е ни сигурен на петото место, затоа што Ливерпул има четири бода повеќе од Борнмут, но шестиот на табелата има за играње уште две средби.

Првото полувреме не најавуваше дека ќе има спектакл на „Вила парк“ затоа што првиот гол беше постигнат дури во 42 минута кога погоди Роџерс. Тој погодок беше единствен во првото полувреме и може да го видите ТУКА.

Во вториот дел се случи гол-шоу. Најпрво во 52 минута Ливерпул со погодокот на Вирџил ван Дајк израмни на 1:1, а овој погодок може да го видите ТУКА.

Кратко траеше радоста на Ливерпул, затоа што само пет минути подоцна Оли Воткинс погоди за 2:1 за Астон вила и тоа по кикс на одбраната на гостите. Голот на Воткинс може да го видите ТУКА.

Воткинс погоди и за 3:1 во 73 минута, а потоа, најубавиот гол на мечот го постигна Мек-Гини во 89 минута. Овој спектакуларен погодок може да го видите ТУКА.

Крај на гол-шоуто стави Ван Дајк со својот втор погодок кога намали на 4:2.

- Оглас -

Најнови вести