Италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Њукасл, Сандро Тонали, не ја исклучува можноста за враќање во Серија А.
„Никогаш не можеш да знаеш што ќе се случи. На сите им велам дека тоа е можно. Не ја затворам вратата за Италија, тоа е мојата татковина. Можеби не сега, затоа што најдов рамнотежа во Њукасл, но лигата станува сè подобра, нивото на тимовите постојано расте“, изјави Тонали.
25-годишниот играч за врска би можел да се врати во Италија само две години по неговиот трансфер во Англија. Според гласините, Јувентус водел преговори со Њукасл за можна размена во која би биле вклучени Душан Влаховиќ и Сандро Тонали.
Во медиумите се појави и друга амбициозна идеја за размена, Даглас Луис да пристигне на „Сент Џејмс Парк“, а Тонали да се пресели во гигантот од Торино.