„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде како вселенски брод (Видео)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид објави видеоснимка на која презентираше како ќе функционира реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб очекува дека од новиот стадион ќе има годишен приход од минимум 150 милиони евра.

На видеоснимката се покажува мултифинкционалноста на стадионот. Импресивен е системот кој може тревата да ја складира под теренот, и тоа во моментите кога стадионот ќе се направи за музички концерти, тениски терени или кошаркарски средби.

На местото на теренот ќе има вештачка трева која најмногу ќе биде користена за концертни настани. Интересно е што стадионот буквално може да биде поделен на два дела и да има два настани во исто време. Според проценките, реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ треба да биде готов за една година, односно официјалното пуштање е закажано за 14 декември 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести