Фудбалерите на Кајзерслаутерн се први финалисти во Купот на Германија откако со 2:0 го совладаа третолигашот Сарбрикен, кој не успеа да направи ново чудо откако елиминира три бундеслигаши.
Сарбрикен во четвртфиналето ја елиминира Борусија Менхебгладбах (2:1), претходно беше подобар од Ајнтрахт (2:0), а најголемото изненадување го приреди со елиминацијата на Баерн Минхен (2:1).
Но, вечерва Сарбрикен загуби од второлигашот Кајзерслаутерн, кој двата гола кои го однесоа во финалето ги постигна во второто полувреме. Ритер во 53-тата минута го отвори резултатот, а Туре во 75-тата минута го постави конечниот резултат.
Во второто полуфинале,утревечер ќе играат Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.