Убава фудбалска вечер се случува денеска, а имаше безброј убави потези и страшно атрактивни голови на различни натпревари. Шлагот на тортата го стави Џошуа Сарџент со чудесен гол за Норич против Ватфорд во победата на Канаринците од 3:0 на гостински терен.
Американскиот репрезентативец од близина ја зафати топката на чуден начин со петица и преку себе ја погоди најпрво пречката на голот на Ватфорд, а потоа топката влезе во мрежата.
Josh Sargent goal for Norwich vs Watford. THAT IS SENSATIONALpic.twitter.com/8hp0el2syT
— Spotting Performances that need to be talked about (@PerformSpotter) January 21, 2022
Чуден, но и спектакуларен гол на гостите, кои поведоа со 1:0 во 51. минута на „Викариџ Роуд“ против Ватфорд.
Мечот потоа беше прекинат поради проблеми со рефлекторите, но сепак продолжи.
Сарџент потоа постигна уште еден гол за популарните Канаринци, а со автогол Куцка стави точка на убедливата победа на гостите со 3:0.
Во исто време од 21 часот се играше и премиерниот меч од 22. коло во шпанската Ла Лига, а Бетис како гостин го декласира Еспањол со 4:1.