Сари: Конте е меѓу најдобрите тренери, но ние ќе одиме да победиме

Јувентус не се плаши и во Милано утре ќе оди да покаже кој е италијански првак. Старата дама ќе гостува на „Џузепе Меаца“ против Интер, кој во досегашниот дел од сезоната е перфектен со шест победи во шест меча.

„Одиме да играме фудбал и да победиме. Свесни сме дека Интер е во добра форма и тоа не е случајно кога имаат тренер како што е Антонио Конте. Тој е еден од најдобрите во светот, а тоа се гледа и по резултатите во оваа сезона. Сепак, ова не е дуел на Конте и мене туку на Јувентус и Интер. Добро ги анализиравме. Знаеме дека секогаш е тешко да се игра на „Џузепе Меаца, но ние одиме да победиме и да се искачиме на првото место на табелата“, рече тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

Поранешниот тренер на Наполи и Челзи верува дека ќе продолжи серијата која вели дека Јувентус нема пораз од Интер во последните пет меча.

 

- Оглас -

Најнови вести