Сари: Мајка ми не е среќна што станав тренер на Јуве

Гостувањето на Јувентус кај Фиорентина секогаш носи тензии и без разлика кој во каква форма е, ова е дерби, а тоа добро го знае и тренерот на „старата дама“. Јуве е најнепопуларниот клуб во Фиренца, особено откако пред 30-тина години на „виолетовите“ им го купи тогаш талентираниот Роберто Баџо.

Маурицио Сари првпат ќе се појави на клупата на Јуве на еден официјален меч, поради болест ги прескокна првите кола, и дуелот со Фиорентина за него е посебен.

„Мајка ми не беше нималку среќна кога решив да го преземам Јувентус“ – рече Сари со насмевка на лицето. „Баба ми живееше на 500 метри од стадионот Артемио Франки, и сите со семејството навиваа за Фиорентина, освен мене, јас бев за Наполи. Имам многу сеќавања од стадионот во Фиренца, но најновите ми се лоши, тука пред две сезони загубив со 0-3 и останав без скудетото со Наполи“ – се присетува Сари кој е роден во Неапол, каде работел татко му, а потоа се вратиле во Фиренца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести