Сари: Слушам Интер играле добро сезонава

Јувентус и Интер не дозволија кикс и освоија по три бода во шестото коло од Серија А. Актуелниот првак го победи СПАЛ (2:0), а Интер славеше на гости кај Сампдорија (3:1), па разликата на табелата остана иста. Интер е лидер со максимални 18 бодови, а Јувентус има два помалку на втората позиција.

Ваквиот распоред на табелата е одлична најава за дербито кое треба да се игра во следното коло. Интер на „Џузепе Меаца“ ќе го пречека Јувентус, а тренерот на Старата дама засега не е многу возбуден.

„Уште го немам гледано Интер сезонава. Најчесто се фокусирам на следниот наш противник. Вечерва ќе гледаме неколку меча на Баер Леверкузен, бидејќи тој е нашиот следен ривал. Слушнав дека Интер сезонава игра многу добро. Не се ни сомневав во тоа, знаејќи кој им е тренер и со какви играчи располага тимот. Секогаш велев дека сезонава ќе биде неизвесна“, рече Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести