Сари во мисија да му помогне на Роналдо да го „фати“ Меси

Кристијано Роналдо одлично ја започна 2020 година, па во двата меча во Серија А против Калјари и Рома, успеа да постигне четири гола, а Јувентус освои шест бода. Старата дама повторно е лидер во првенството со два бода повеќе од Интер.

И покрај одличната форма, Роналдо синоќа не играше во Куп мечот против Удинезе, кога Јувентус без проблеми со победа од 4:0 се пласираше во четвртфиналето. Португалецот не играше против Удинезе затоа што имал покачена температура и тренерот Маурисио Сари решил да го поштеди. Сари откри дека за оваа година една од целите е да му помогне на Роналдо да стигне до шестата „Златна топка“ како би се израмнил со рекордерот Лионел Меси.

„Сакам да му помогнам на Роналдо да ја освои шестата Златна топка. Непријатно ми е да видам некој на теренот кој има повеќе Златни топки од Роналдо“, рече Сари алудирајќи на рекордерот Меси.

Со оваа изјава на Сари само се потврдува тоа дека тренерот на Јувентус и најдобриот играч ги имаат закопано „воените секири“ и повторно одлично соработуваат, а Старата дама реди посакувани резултати.

 

- Оглас -

Најнови вести