Сасуоло и Сампдорија одиграа „за мерак“ на обложувачите

Сампдорија славеше со огромни 5-3 на гостувањето кај Сасуоло во мечот од 28-то коло во Серија А. Мечот беше вистински мерак за обложувачите, бидејќи се постигнаа голем број на погодоци во двете полувремиња.

Гостите водеа со 3-1 по првите 45 минути, Дефрел, Кваљарела и Линети постигнаа по еден гол за Сампдорија, додека Бога го одржа Сасуоло во живот. Уште четири погодоци „паднаа“ во вториот дел, Прает и Габијадини стрелаа за Сампдорија, додека Данкан и Бабакар ја тресеа мрежата на гостите.

Обложувачите кои овој меч го типуваа ГГ3+, можеа да ја заокружат уште во првото полувреме, а добитен тип е и ГГ3+ прво и ГГ3+ второ полувреме, типови на кои Sport Life обложувалниците нудеа одлични коефициенти. Исто така се радуваат и обложувачите кои типуваа 7+.

- Оглас -

Најнови вести