Саудијците им ветија на Ф1 возачите дека нема да има „бомбастична“ трка и дека нема да паѓаат гранати додека се тркаат

Организаторот на трката за Големата награда на Саудиска Арабија која треба да се вози утре во Џеда, им даде гаранции на возачите и на Формула 1 екипите, дека ќе бидат безбедни и дека нема да паѓаат гранати во близина на Џеда како што беше случај минатата година.

Минатата година, за време на трката, на 15-тина километри од Џеда, паѓаа гранати. Организаторот им порача дека возачите и екипите дека сега постигнал договор за привремен прекин на нападите на саудиската армија на Јемен. Бунтовните кои се наоѓаат во Јемен, минатата година ја гранатираа рафинерија за нафта која се наоѓа во близина на Џеда.

„Беше навистина застрашувачки тоа што се случуваше минатата година и никој од нас не сака повторно да доживее такво нешто“, изјави возачот на Алпине, Естебан Окон.

Квалификациите ќе започнат денеска од 18 часот, а досега доминираше шампионот Макс Ферстапен, кој имаше најдобро време на двата денешни тренинзи.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози утре со почеток од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести