Саудијците се подготвени да го срушат и светскиот рекорд само да го доведат Салах

Мохамед Салах ја игра седмата сезона во дресот на Ливерпул, а со своите игри и голови може да го стекне и статусот на клупска легенда. Египетскиот репрезентативец во 333 меча во дресот на Ливерпул има постигнато 205 погодоци и ги освои сите највредни трофеи.

Иако има договор со Ливерпул, сè погласни се шпекулациите и најавите дека Салах на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд роуд“. Екипите на Ал-Хилал и Ал-Наср од Саудиска Арабија се во трка за потписот на Салах.

Најавите се дека овие два клуба нема да штедат пари за да го откупат договорот од Ливерпул. Се најавува дека клубовите се подготвени да дадат и историски откуп за предвремен раскин на договорот. Светскиот рекорд за најголем трансфер е во сопственост на Бразилецот Нејмар, кој во 2017 година за сума од 222 милиони евра направи трансфер од Барселона во Пари Сен Жермен.

Сега шпекулациите се дека трансферот на Салах може да достигне и до 250 милиони евра, што секако доколку е вистина, Ливерпул нема да може да одбие.

- Оглас -

Најнови вести