Саудиски ефект – Еуфоријата во Њукасл трае, продадени се сите билети за мечот со Тотенхем

Лудницата во Њукасл сè уште трае откако вчера Јавниот инвестициски фонд, ПИФ, од Саудиска Арабија го купи клубот, па сега е објавено дека само еден ден по трансферот на власта премиерлигашот ги продаде сите билети за дуелот со Тотенхем, закажан за 17 октомври.

Не поминаа ниту 24 часа, а фудбалската грозница што го тресе Њукасл доведе веднаш да се продадат сите билети за мечот на стадионот „Сен Џејмс парк“, што има капацитет од 52 илјади места.

Вчера од Њукасл потврдија дека богатите шеици од Саудиска Арабија го купија клубот од Мајк Ешли и сега се веќе 100-процентни сопственици на премиерлигашот, а трансферот е одобрен и од челниците на англиската лига.

Тоа предизвика еуфорија кај симпатизерите на клубот, кои славеа како да е освоена титулата во Премиер лигата.

Јавниот инвестициски фонд располага со огромно богатство од 320 милиони фунти и ќе биде убедливо најбогатиот инвеститор во светот на фудбалот.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести