Манчестер сити и ПСЖ ќе бидат „мали деца“, Њукасл станува најбогатиот клуб во светот (ФОТО)

Екипата на Њукасл е на чекор да биде најбогатиот клуб во фудбалот, откако инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија ги завршува финалните договори за неговор преземање.

Премиерлигашот кој во моментов е во сопственост на Мајк Ешли, наскоро ќе добие нови сопственици, кои би биле најбогати во историјата на фудбалот.

Богатството на овој фонд се проценува на 376 милијарди евра, а на топ 10 листата сите останати газди на клубовите заедно не вредат толку.

Манчестер сити и ПСЖ ќе добијат жестока конкуренција бидејќи сега Њукасл може да им ги меша плановите исто така со неверојатни понуди за играчите.

- Оглас -

Најнови вести