Саутхемптон му спакува топ-подароци на Арсенал (Видео)

Арсенал ги искористи двете големи грешки на голманот на Саутхемптон, Алекс Мекарти, и со победа од 2:0 ги освои трите бода на гостувањето на „Сент Мери“.

Репрезентативецот на Англија кој денеска лошо го бранеше голот на Саутхемптон направи кардинална грешка во 20-тата минута, го погоди во нога Ед Нкетија, а шпицот на Арсенал на празна мрежа само го потврди водството на гостите.

https://twitter.com/SportMargin/status/1276204291796037633?s=20

Во 85-тата минута домаќините направија втор голем кикс, а исклучен беше Стивенс. Предноста од играч повеќе Топчиите ја искористија веќе во следниот напад, а повторно лошо реагираше голманот на Саутхемптон.

Мекарти не успеа да ја скроти топката по ударот на Лаказет, а Вилок лесно ја уфрли во мрежа за победа од 2:0.

https://www.youtube.com/watch?v=WolK0wgSIx0

Во вториот меч што се играше од 19 часот Барнли го победи Ватфорд со 1:0, со погодокот на Џеј Родригес во 73-тата минута.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести