Саутхемптон е првиот премиерлигаш кој ги скрати платите на фудбалерите

Саутхемптон е првиот премиерлигашки клуб кој се согласи да ги скрати платите на фудбалерите, на стручниот штаб на чело со менаџерот Ралф Хазенхитл и на бордот на директори со цел да може целосно да ги исплаќа работниците во клубот. Светците ја поддржаа оваа иницијатива и до јуни ќе земаат помали плати.

За разлика од некои гиганти, како Ливерпул и Тотенхем, кои одлучија да ги остават обичните работници на милост на британската Влада, Саутхемптон одлучи финансиски да ги обезбеди своите вработени во време на криза поттикната од пандемијата со Коронавирусот.

Во меѓувреме премиерлигашите се обидуваат да ги наговорат фудбалерите да се согласат на 30 отсто помали плати со цел да одржат финансиска стабилност, додека Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија е против таа идеја бидејќи ќе наштети на данокот кој би бил наменет за финансирање на здравствената организација на Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести