Се чека „двојка“ на Ајнтрахт, за да има две 12-ки на Спортска прогноза

Ќе беше добро да се борат за премијата на Спортска прогноза, за примамливиот iPhone XS, но двајцата прогнозери Т. Горан и Д. Никола секако ќе бидат задоволни и ако имаат по 12 успешни прогнози во ова 13-то коло. За да се случи тоа, вечерва (20:30 часот) е потребен триумф на Ајнтрахт Франкфурт на гостувањето кај Мајнц, па двајцата прогнозери да добијат ваучери на Sport Life од 1.000 денари

„Ајфонот“ и на двајцата им избега на погрешни прогнози на дуели од Премиер лигата. Никола не веруваше дека Саутхемптон ќе слави против Ватфорд и се одлучи да оди на реми, додека Горан не го посака среќата Вулверхемптон да го совлада незгодниот Шефилд.

Сепак, и 12 погодени парови се одличен успех, а воедно ќе им се подобри учинокот и во Генералниот пласман. Резултат кој нема да биде во полза на Ајнтрахт ќе ги остави Никола и Горан на 11 погодени парови со кои ќе добијат по 500 денари ваучер од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести