Се чека репрезентативната пауза за да се обелодени конечната одлука на Јунајтед

Вест која сите фанови на Манчестер јунајтед со нетрпение ја чекаат, и ќе ја дочекаат. Раководството на гигантот од „Олд Трафорд“ го одбра вистинскиот момент да соопшти кој ќе ја води екипата следната сезона. Без дилеми, тоа ќе биде Оле Гунар Солскјер, норвешкиот стратег кој прави „чуда“ откако го презеде кормилото од Жозе Мурињо.

Неговото именување за перманентет менаџер би требало да биде идната седмица, кога фудбалерите ќе заминат на репрезентативни обврски, така барем најавуваат англиските медиуми. Други кандидати нема, ниту управата посакува друг стратег освен Солскјер. Тој ги оправда средствата и очекувањата, а со најавената одлука сметаат дека останувањето на Норвежанецот дополнително ќе ги мотивира играчите во обидот да обезбедат пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Наводно, Солскјер веќе имал разговор со директорот Ед Вудвард околу нови засилувања, најголем фокус ќе даде на одбраната, а и натаму кружи името на Калиду Кулибали. Исто така, според наведените шпекулации, се очекува заминување на Алексис Санчес, кој наверојатно ќе оди некаде на позајмица бидејќи нема клуб што ќе сака да плати отштета за него во ваква форма и да му дава иста плата колку што заработува во Јунајтед (450.000 фунти неделно).

 

- Оглас -

Најнови вести