Се чека уште првакот на Јужна Америка

Бока јуниорс или Ривер плата е единственото прашање кое остана неодговорено околу финалниот изглед на учесници на Светското клупско првенство од 12 до 22 декември во Обединетите Арапски Емирати.

Првиот меч од ова финале требаше да се игра од 21 часот, но тоа нема да се случи, поради поплавениот терен и трибини на стадионот во Буенос Аирес, после неверојатно силниот дожд. Се чека одлуката дали средбата ќе стартува во 23, или нема да игра денеска, туку следната сабота.

Европа ќе ја претставува Реал Мадрид, мексикански Чивас е од КОНКАКАФ зоната (Средна и Северна Америка), новозеландски Велингтон од Океанија, организаторот Ал Аин од ОАЕ, а денеска место си осигураа уште Есперанс од Тунис како африкански првак, и Кашима од Јапонија како шампион на Азија.

Kашима со вкупни 2:0 во двомечот во ирански Персеполис, дојде до титулата во Азија. Јапонците дома беа подобри со 2:0, а денеска како гости одиграа без голови.

- Оглас -

Најнови вести