Се чека зелено светло од Баерн: Тијаго веќе се гледа во дресот на Ливерпул

Ливерпул и Тијаго Алкантара се договорија околу летен ангажман, па на Шпанецот му остана да добие зелено светло од Баерн Минхен за преселба на Островот.

Тијаго наводно прифатил да го носи дресот на Црвените во следните четири години, а одредени медиуми тврдат дека веќе си нашол живеалиште во градот на англискиот шампион. Исто така се тврди дека играчот за врска им соопштил на неколку играчи дека по Лигата на шампионите се сели во Премиер лигата.

Баерн ќе го пушти да си замине само доколку Ливерпул издвои 40 милиони евра за неговите услуги. Претходната понуда беше од 30 милиони евра, па се верува дека двата гиганти ќе најдат заеднички јазик околу разликата од 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести