Се играше 70 минута кога беше постигнат гол, но тоа уште беше прво полувреме (Видео)

Унион Берлин го победи Волфсбртг минимално со 1:0 освојувајќи многу важни три бода во борбата за опстанок во Бундеслигата. Единствениот гол кој значеше и победа за домашниот тим беше постигнат во 70 минута, односно во 45+25 минута од првиот дел.

Нестварно делува фактот дека Унион Берлин даде гол во 70 минута, а тоа да е прво полувреме, но така се случи откако средбата имаше подолг прекин. Во средината на првиот дел, домашните навивачи во знак на протест, фрлија стотици тениски топчиња и дуелот мораше да биде прекинат.

Речиси 20 минути траеше паузата додека се тргнат сите топчиња од теренот, па дуелот продолжи, а судијата покажа дека треба да се доиграат 21 минути. Во тој период имаше уште некој прекин, па арбитарот дозволи да биде изведен корнерот во 25-тата минута од надополнувањето на првиот дел, кога домаќините успеаа и да постигнат гол, кој на крајот се покажа и како клучен да стигнат до победата.

Можеби најдоцна постигнатиот гол во прво полувреме може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести