Се израдува на „илјадарката“, ама тоа ќе му биде и последниот меч како тренер на Њукасл

Стив Брус вчера по илјадити пат во својата тренерска кариера предводеше еден клуб.

Актуелниот тренер на Њукасл со своите играчи загуби од Тотенхем со 3:1 и најверојатно во текот на наредните денови ќе мора да го напушти клубот.

Новите сопственици од Саудиска Арабија имаат поинакви замисли и визија за клубот, за кој се надеваат дека во иднина ќе има многу подобри резултати.

„Не треба да се биде голем филозиф и да се претпостави дека ова беше можеби и мој последен натпревар како тренер на Њукасл“, изјави Брус по вчерашниот пораз.

Останува да се види кој ќе биде негов наследник, а листата на кандидати кои се споменуваат „тежат“ десетици трофеи.

- Оглас -

Најнови вести