Резервниот лев бек на Рома, Рикардо Калафиори, синоќа во Амстердам доби шанса да заигра во четвртфиналето на Лига Европа против Ајакс, а бидејќи римскиот тим водеше со 2-1, младиот Калафиори задржуваше време и тоа го налути едно од момчињата кои ги добираат топките покрај теренот, силно фрлајќи ја топката кон Калафиори и го удри под вратот.
„Помислив на многу нешта и сакав да направам многу работи во тој момент, но за среќа останав смирен и успеав да се соземам и да се приберам. И јас би бил иритиран ако некој задржува време, го сфаќам момчето, но не можам да го оправдам тоа што го направи“ – изјави Калафиори кој наместо кон топката која му беше поблиску, тргна кон подалечната, за да помине повеќе време.
Интересно е што Калафиори се фати за лице и гестикулираше кон судијата Сергеј Карасев, но доби жолт картон.
Ajax ball boy > Swansea ball boy pic.twitter.com/9O7oMG3pwu
— Scott Patterson (@R_o_M) April 8, 2021