Се качија на кровот од стадионот да навиваат за својот тим (Фото)

Навивачите едноставно не може да издржат, а да не одат на стадион за да ги бодрат своите миленици. Тоа најдобро го покажаа фановите на Порто. Иако во Португалија не е дозволено присуство на гледачи на трибините, сепак домашните симпатизери најдоа начин како да го следат дуелот во живо и да навиваат за нив.

Една група навивачи успеале да се качат на кровот од трибините на стадионот „Драгао“ во Порто, кои не само што навиваа, туку палеа и факли во знак на поддршка на своите миленици. Дуелот меѓу Порто и Маритимо заврши со победа од 1:0, а стрелец на голот за домаќините беше Корона. Тука може да го погледнете погодокот на Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести