Се наближува камбекот на тенискиот виртуоз

Роџер Федерер е вон натпреварувачки погон уште од февруари годинава кога му беше направена операција на коленото. Јасно беше дека го очекува долга рехабилитација, а пандемијата со корона-вируст беше во негова полза и периодот го искористи да работи на камбекот.

Рекордерот по бројот на гренслем-титули најави дека ќе се врати на терените на следното Отворено првенство на Австралија, што значи дека од почеток ќе ја почне новата сезона.

„Горам од внатре додека го следам Ролан Гарос. Ги гледам натпреварите и со нетрпение чекам да се вратам на терените. Веројатно од следната недела ќе почнам со лесни тренинзи, со надеж дека во блиска иднина дека ќе можам да играм на високо ниво“, истакна Федерер.

Многумина се сомневаа дека 39-годишниот тениски виртуоз ќе може да оствари камбек со оглед на сериозноста на повредата, но сега е повеќе од јасно дека повторно ќе ги гледаме мајсториите на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести