Се надѕира новиот шампион на Италија (Видео)

Голот на Ромелу Лукаку во првото полувреме беше доволен за Интер да ги освои трите бода на гостувањето кај Болоња. Со оваа победа, Нераѕурите ја зголемија предноста на табелата и сега се чекор поблиску до освојување на титулата во Италија.

Интер има 68 бодови, дури осум повеќе од вториот Милан, кој денеска ремизираше 1:1 против Сампдорија. Тимот на Антонио Конте ќе има шанса да стигне и до двоцифрена предност пред најблискиот ривал, затоа што веќе в среда ќе го игра заостанатиот дуел против Сасуоло.

Погодокот на Лукаку може да го видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести