Се најавува бура во италијанскиот првак, Конте си оди од Интер?

Освојувањето на титулата во Италија не значеше автоматски дека Антонио Конте останува тренер на Интер, иако после ваков успех, тоа би било логично. Најпознатиот спортски весник „Ла Газета дело спорт“, на денешната насловна страница бомбастично најавува дека денеска или најдоцна утре, Интер и Конте ќе објават дека ја прекинуваат соработката.

Камен на сопнување помеѓу кинескиот газда и тренерот е намерата на сопствениците за кратење на трошоците. Кинезите планираат кратење на платите или продажба на некои од ѕвездите (Лаутаро Мартинес, Ромелу Лукаку и Алесандро Бастони) и на тренерот, што за Конте било неприфатливо, и рекол дека ако останат на ставот за кратење на неговата и платата на најдобрите играчи, тој ќе си замине.

Според Конте, Интер не само што не треба да ги крати платите, туку треба и дополнително да се засили, за подобро претставување во Лигата на шампионите како италијански шампиони.

- Оглас -

Најнови вести