Се најде јунак во Шведска што го победи Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ е икона на шведскиот фудбал и дури 12 пати беше избран за најдобар фудбалер на оваа земја, но сезонава конечно му е сопрена апсолутната доминација и заврши како втор во изборот на новинарите зад Емил Форсберг.

Играчот на Лајпциг во Бундеслигата победи во изборот за најдобар фудбалер на Шведска што го прават новинарите и тоа му е прво вакво признание.

Колкава е доминацијата на Златан Ибрахимовиќ со 12 победи во трката за најдобар играч на Шведска, покажува и податокот дека зад него од активните фудбалери е Виктор Линделоф со две признанија.

Двапати најдобри фудбалери на Шведска беа и Фреди Љунберг, Томас Бролин, Патрик Андерсон, Рони Хелстром, Хенрик Ларсон и Глен Стромберг, што значи дека Ибрахимовиќ е недостижен и уште долго ќе биде на врвот како неприкосновен со 12 статуетки добиени за најдобар фудбалер на Шведска.

Неговата серија од десет победи по ред, од 2007 до 2016 година е незапамаметена во светот на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести