Се најдоа јунаци и за европскиот хит – Вилјем Втори го победи Ајакс во Амстердам

Вилјем Втори го приреди изненаувањето на денот со победа во Амстердам против Ајакс со 2:0 и ја прекина перфектната низа домашни успеси на првиот фаворит за титулата.

Ајакс до овој меч имаше биланс од 7 победи, без нерешен резултат и пораз на „Амстердам арена“ но наиде на жилав противник.

Ндајишими од пенал во 42. минута најави изненадување, а сензацијата ја комплетира Данкерлуи со нов погодок за гостите во 78. минута.

Ајакс се обиде да остане единствената непоразена екипа во Холандија во новата сезона, но не успеа ниту да постигне гол. И покрај поразот вечерва популарните копјаници останаа лидери на табелата со 41 бод, шест повеќе од Витезе и 12 од Вилјем Втори.

 

- Оглас -

Најнови вести