По Динамо Загреб и петардата на хрватскиот првак против Славен Белупо вчера, уште еден ривал на македонска екипа во еврокуповите денеска постигна многу голови, како загревање за реваншите.
Лидерот во летонското првенство, Валмиера убедливо го надигра и декласира тимот на Мета со 6:1 на меч што им послужи како загревање за реваншот против Шкендија на 28. јули во Тетово.
Валмиера сепак и денеска потврди со убедлива победа од 5:1 дека нема да се предаде, а им треба победа од најмалку два гола разлика за подвиг, или еден гол разлика за евентуални продолженија.
Добар резултат има и Шкупи, одигра 2:2 на „Максимир“ против Динамо на првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, но Модрите со петката од Копривница против Славен, доаѓаат во Скопје на реваншот што ќе се игра на 26. јули во вторник од 21 часот на арената „Тодор Проески“.