Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги покани фудбалските федерации и организации на состанок за да зобруваат околу идејата Светското првенство да се одржува на две, а не како што е сега, на четири години.
Онлајн состанокот ќе биде на 30 септември, а ќе учествуваат претставниците на фудбалските федерации, претставници на клубовите, претставници на фудбалерите, претставници на лигите, како и членови на ФИФПро, а главна тема ќе биде Светското првенство, и тоа на колку години треба да се одржува.
Европската фудбалска куќа и Јужноамериканската конфедерациска КОНМЕБОЛ се против овој предлог, па дури и се заканија со бојкот на останатите турнири организирани од УЕФА. За разлика од УЕФА и КОНМЕБОЛ, Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), како и Конфедерацијата на Средна и Северна Америка (КОНКАКАФ) се согласуваат за најавените предлози за промена и Мундијалот да се игра на секои две години.
Откако во 1930 година за првпат е одржано Светското фудбалско првенство, секогаш тоа се играло на четири години. Последен пат Мундијалот беше во Русија во 2018 година, кога Франција стана планетарен првак. Следното Светско првенство ќе биде следната година во Катар.