Веста од пред неколку дена која ги возбуди фудбалските фанови, дека проблемите со срцето се минато за Серхио Агуеро и ќе ја прекине пензијата, го натера Аргентинецот да се огласи во јавноста и да стави крај на шпекулациите.
Агуеро, кој во декември 2021 година како член на Барселона поради проблемите со срцето, објави дека ја прекинува кариерата, сега демантира дека планира да тренира со аргентинскиот тим Индепендиенте.
„Тоа е лажна вест, нема да тренирам со Индепендиенте. Понекогаш луѓето измислуваат некои работи, а сега тоа го сторија бидејќи во јавноста се појави мојот кардиолог. Тој ми рече дека сум добар, дека здравјето ми е добро, но дека треба да поминам низ многу прегледи за да можам да добијам зелено светло да се вратам на тренинзите под максимален напор“, изјави Агуеро.