Се огласија од Рајо Валјекано по информациите дека Димитриевски се сели во Барселона

Отсуството на Столе Димитриевски од составот на Рајо Валјекано на мечот со Бетис, ги разгоре сомнежите дека можеби се „крчка“ трансфер на македонскиот голман во Барселона.

Тренерот на Рајо, Андони Ираола, рече дека Столе не бил на голот затоа што има повреда. Но, некои не веруваат во верзијата на клубот.

Извори од клубот за интернет портал кој објавува специјализирани вести само за Рајо, негираат дека Столе се збогувал со соиграчите од Рајо, тврдфат дека нема никаков договор со Барселона, и демантираат дека имаат намера да го продадат Македонецот во зимскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести