Се пишува нова историја во Милан – започнува третата генерација на Малдини

Кога ќе се спомене клубот Милан, една од првите асоцијации е презимето Малдини. Чезаре Малдини беше тој што ја започна низата на играње кај Росонерите, а беше дел од тимот во периодот од 1954 до 1966 година. Потоа неговиот син Паоло Малдини се промовираше во легенда која засекогаш ќе ја памтат на „Сан Сиро“.

Паоло Малдини целата кариера ја помина во црвено-црниот дрес, а сега има и свој наследник. Даниел Малдини е 18-годишен тинејџер кој ја помина школата на Росонерите, а денеска за прв пат е повикан да биде дел од сениорскиот тим. Милан пред своите навивачи го пречекува Наполи.

За разлика од својот татко, Даниел е офанзивен играч, а пред само една недела наполи 18 години. Дека клубот размислува и во иднина на овој играч покажува и фактот дека неодамна го продолжи договорот до 2024 година.

Пред Даниел е голем предизвик да постигне барем дел од славата и успесите на својот татко. Паоло е рекордер по бројот на настапи во Серија А, освои 25 значајни трофеи, а денеска е технички директор на Милан.

https://twitter.com/homeofmilan/status/1198133910686912512

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести