НБА лигата деноноќно работи на планот како да се продолжи сезоната која е прекината од 11 март поради пандемијата со корона-вирусот. Впечатокот дека сме сè поблиску до враќање на кошаркарските паркети се доби од одлуката на раководството на асоцијацијата да го скрати подготвителниот период од 4-5 недели на 2-3 недели.
Тоа значи дека екипите ќе имаат пократок период да ја повратат формата, но воедно тоа ќе значи и продолжување на сезоната порано од предвиденото. Секако пред јуни нема да се донесе одлука кога и на каков начин ќе продолжи шампионатот, а една од опциите е директно да се игра плеј-оф со екипите кои моментално ги држат местата за пласман во разигрувањата.
Клубовите од минатата недела добија дозвола да ги отворат тренинг-центрите и да им дозволат на играчите да тренираат индивидуално согласно со прописите за заштита од корона-вирусот.