Се подготвува саботажа: Екипите на кои им се заканува испаѓање од Премиер лигата не сакаат сезоната да се доигра

Саботажа ѝ се заканува на Премиер лигата и евентуалниот рестарт на сезоната од страна на последните шест екипи на табелата. На овој начин тие се обидуваат да избегнат испаѓање од англиската елита, а според табелата, во борба за опстанок се Брајтон, Вест хем, Ватфорд, Борнмут, Астон вила и Норвич.

На последниот состанок на премиерлигашите кој се одржа во петокот наводно претставниците на споменатите шест екипи се против продолжување на сезоната, 13 гласале „за“, додека еден неименуван клуб бил воздржан. Дел од англиските медиуми тврдат пак дека испаѓање секако ќе има дури и сезоната да се откаже.

На Премиер лигата ѝ се потребни 14 гласа на следниот состанокт за рестарт на сезоната, со датумот 12 јуни одреден за доигрување на натпреварите од преостанатите девет кола. Првенството се прекина на 13 март поради пандемијата со корона-вирусот, а по некомплетното 29 коло, Ливерпул стои на врвот со 82 бода, 25 повеќе од второпласираниот и актуелен англиски првак Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести