Се појави документ кој го открива освојувачот на Златната топка за 2021 година

На социјалните мрежи се појави фотографија од документ кој наводно го покажува крајниот резултат од гласањето во трката за Златната топка. На крајот од годината, традиционално „Франс фудбал“ го прогласува најдобриот фудбалер во светот.

Гласањето за најдобар фудбалер заврши на 25 октомври, а победникот официјално ќе биде познат на 29 ноември. Според снимката од документот, Роберт Левандовски од Баерн Минхен треба да биде победникот за оваа година со 627 бодови. Второто место треба да е за Лионел Меси, а трет е Карим Бензема со 526 гласови.

 

- Оглас -

Најнови вести