Се појави во дрес на ривал и на сила сакаше да влезе во клупскиот тренинг-центар (фото)

Дидие Ламкел Зе, стана главна тема во Белгија откако фудбалерот на Антверп се појави пред клупскиот тренинг-центар носејќи дрес на ривалот Андерлехт.

Зе сакаше на сила да влезе во просториите на клубот, по што обезбедувањето не му дозволи држејќи ја вратата. На овој начин камерунскиот фудбалер се обидува да изнуди трансфер во грчката лига, од каде што наводно за него доаѓа интерес од Панатинаикос.

Крилниот офанзивец сезонава запиша само пет настапи за Антверп и поради тоа сака да го напушти клубот, но со провокациите кон управата дополнително си наштети на својата кариера и можно е да добие голема казна.

- Оглас -

Најнови вести